Расте притисокот врз грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас од страна на радикалните и неофашистичките струи во Грција, па така му била упатена и закана преку писмо во кое му е порачано дека за него и неговото семејство се подгтовени „три куршуми“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Никос Тоскас министерот за цивилна заштита на Грција, утрово говорејќи за грчката телевизија Антена, изјави дека анонимниот допис бил испратен вчера и веќе е „во рацете“ на надлежните полициски служби за пронаоѓање на оние што го испратиле.
– Никос Коѕијас ги води преговорите со маестрални потези со насоките што ги добива од премиерот, а климата не ја одредуваат ниту радикалните гласови од една или друга страна ниту дописите што некои се осмелија да ги пратат до министерот за надворешни работи и да говорат за три куршуми и закани, изјави Тоскас.
Грчкиот министер за цивилна заштита рече дека ваквите постапки се само затоа што некому не му се допаѓа начинот на кој се преговара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕиас: Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Заев спрема терен за промена на името, Коѕиас во август во Скопје
-
Коѕијас: Изборните резултати во САД мора да се почитуваат