Протестите против употребата на името Македонија во решението за името кои вчера се одржаа во Атина, не го сменија мислењето на грчката влада за преговорите.
– Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината, напиша грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас на Твитер.
Претходно грчкиот премиер Ципрас изјави дека протестот собра илјадници граѓани, но не и милиони, како што „замислувале организаторите и Самарас и Мицотакис“ од Нова демократија. Грчкиот министер за одбрана Каменос, кој од првиот момент го поддржа протестот, излезе пак со поинаков став. И тој на Твитер напиша дека „собирот бил душата на Грците“.
Поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска, Карл Билд пак на Твитер напиша дека без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, и дека е потребен поголем ангажман на Европската унија.
Протестите во Атина вчера беа широко пренесувани од сите светски медиуми. Голем дел од нив ја коментираа и апсурдноста на причината за протестите и барањето на Грција од Македонија да го смени уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Заканувачко писмо до грчкиот министер Коѕиас: За твоето семејство се подготвени три куршуми
-
Заев спрема терен за промена на името, Коѕиас во август во Скопје
-
Коѕијас: Изборните резултати во САД мора да се почитуваат