| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово: Со секира скршил два прозорци на сограѓанка, па се заканил дека ќе и ја запали куќата

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Н. (39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

На 22.12.2017 година околу 18,00 часот во Куманово на улица „15-ти Мај“, пријавениот, додека И.К. од Куманово била во нејзиниот дом, влегол во дворот и со секира искршил два прозорци, при што и упатил закани дека ќе ја запали куќата, а потоа си заминал.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top