| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Вучиќ како мал – дали би го препознале?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил одличен ученик во основно училиште и во Земунската гимназија, но и победник на градските и републичките натпреварувања по историја, но и пионерски првак на Белград во шах. Тренирал кошарка и играл фудбал.

Кој можел да претпостави дека некогашното немирно момче, како што себеси се нарекувал повеќе пати, денеска ќе биде прв човек на држава.

На белградските избори кои наскоро ќе се одржат, поддршка на СНС и Александар Вучиќ  им пружил и Бранко Миличевиќ Коцкица.

Коцкица за белградските медиуми открил меѓу другото дека ја поддржува СНС и претседателот Вучиќ, бидејќи како што рекол, како дете претседателот бил дел од Коцкица.

-Едвај го препознав. Тогаш бев многу покрупен од него, а сега тој е многу покрупен од мене – рекол Миличевиќ.

Погледенете го видеото и Александар Вучиќ како дете во емисијата кај Бранко Коцкица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top