| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар директно во третото коло, Стеауа суспендирана?

steaua vardar

 

Утре ќе се знае дали романскиот фудбалски клуб Стеауа ќе биде суспендиран од УЕФА. Тоа би значело дека Вардар со службен резултат би продолжил во третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите. Тоа пак според правилата отвора најмалку четири меча за Вардар, заради последниот квалификациски круг за пласман во УЕФА Европа лигата.

Романските медиуми пишуваат дека одлуката за двегодишна суспензија е донесена, по истрагата за кршење на критериумите за добивање на лиценца и правилата на финансиски фер плеј. Клубот забранил фудбалерите да даваат изјави за медиумите. Доколку и ја обжали одлуката на УЕФА до спортскиот суд во Лозана, медиумите велат дека најверојатно казната би можело да биде преполовена на една година. Сопственикот на клубот веќе е осуден на три години заради злоупотреба на моќ и корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top