Американската агенција за меѓународен развој, УСАИД, денес во Сараево ја претстави заедничката Програма за помош на медиумите на Балканот, чиј фокус ќе биде развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.
Програмата ќе тра три години, а вредна е седум милиони долари.
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во БиХ Морин Кормак со претставувањето на програмата во Сараево порача дека слободните медиуми се темел на демократијата, а во целиот регион, како што наведува, медиумите се под „притисок на разни извори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.