| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Зи во интервју за Си -Ен-Ен: За неверството, болката и борбата за бракот со Бијонсе (видео)

Џеј Зи се отвори за љубовта кон Бијонсе и за борбата да го зачува бракот откако ја изневери.

„Таа е мојата сродна душа, личноста која ја сакам… Ние избравме да се бориме за нашата љубов. За нашето семејство. Да им дадеме на нашите деца поразличен исход, да го скршиме кругот за црните мажи и жени… Ние никогаш не бевме славен пар, ние бевме пар кој случајно беше од славни личности. Ние сме реални луѓе“ – изјави тој во интервју за CNN.

Пред два месеци, во интервју за „The New York Times“, Џеј Зи зборуваше за проблемите во бракот со Бијонсе и за првпат призна дека имало неверство. „Мораш да преживееш. Па, преминуваш на фаза преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш… Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство…“ – рече тој.

Со албумот „Lemonade“, Бијонсе ги начна шпекулациите за кризата во нејзиниот брак и за тоа дека славниот рапер ја изневерил со „Беки со убавата коса“. Џеј Зи ги засили тие разговори со новите песни. Па, на прашањето дали тоа ги поставило во непријатна положба, тој одговори: „Ја користевме нашата уметност како терапевтска сесија… и на двајцата ни беше многу непријатно, но најдоброто место во ураган е да си во неговиот центар. Седевме во окото на ураганот. Ох, подобро да не го користиме зборот ураган, затоа што многу луѓе страдаат од тоа, но најдоброто место е да си во средината на болката. И ние таму седевме. Беше непријатно. И многу разговаравме. Знаеш, бев многу горд на музиката која таа ја правеше и таа беше многу горда на уметноста која ја објавував. На крајот на денот, ние имаме голема почит еден кон друг за нашите творештва. Јас сметам дека е неверојатна…. Најтешкото нешто е кога ќе видиш на нечие лице болка која ти си ја причинил и потоа ќе треба да се справиш со себе, истакнува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top