Кога можевме ние во регистар да најдеме имиња како Ранду, Касандра, Шехерзад и слично, замислете што се прави во САД. Иако едно од најпопуларните машки имиња и годинава останува Мејсон, како синот на Кортни Кардашијан, годинава меѓу имињата за новородените девојчиња се најде и ова.
Според најновите податоци, само оваа година, 146 американски девојчиња се крстени по „Мајката на змејовите“, Калиси.
Ликот што го игра британската актерка Емили Кларк веројатно е еден од најпопуларните во серијата „Игра на тронови“, доволна причин за името Калиси во иднина да стане уште поголем хит кај Американците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.