| четврток, 6 декември 2018 |

Не е во Русија: Од поларен студ замрзнуваат животни во движење (видео)

Студениот бран којшто деновиве го погоди Казахстан ја шокираше целата светска јавност.

Температурите кои паѓаат и до -42 Целзиусови степени ја „замрзнаа“ државата и замрзнаа сѐ што остана без засолниште.

Овие температури веќе една недела се голема закана за животот на луѓето и целиот животински свет, а видео снимките кои што се појавија на инернет на кои што се гледа како животните се буквално замрзнати во движење, потсетуваат на некој Холивудски филм.

Казахстан се бори со рекордно ниски температури кои што најмногу досега се приближија на регистрираниот рекорд од 5-ти јануари 1893-та година кога биле измерени дури -51,6 Целзиусови степени.

Последен пат кога оваа азиска држава била зафатена од толку студен бран со ниски температури било во јануари 2006-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top