| четврток, 6 декември 2018 |

Сцените на Антички и Долни Сарај ќе добијат покрив

Ќе се покрива сцената од Античкиот театар и сцената на Долни Сарај во Охрид, соопшто „А1 он“. Проектите за монтажно покривање на овие два културно-историски локалитети заштитени со закон се при крај, најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

– Надлежната институција Завод и музеј Охрид треба да ги достави овие проекти, а се чека и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. По доставувањето на проектите ќе бидат објавени тендери. Она што го ветивме е дека во тендерите на Охридско лето ќе имаме и монтажно покривање на Антички театар, а за Долни Сарај тендерот за монтажно покривање ќе биде објавен по завршување на работите за заштита на потпорните ѕидови – рече министерката.

Screenshot_421-685x320

Проектот за покривање на Антички театар, како што рече Милевска, се одвива во согласност со законските процедури и соодветните одобренија од страна на највисоките институции. Покривањето на сцената ќе овозможи временските услови да не бидат причина за нормално одвивање на најавените настани, особено за време на „Охридско лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top