Екипи од поранешниот советски блок ќе бидат противници на македонските екипи во Лигата на Европа, во рамките на првото квалификациско коло.
Вицешампионот Металург ќе има шанса за реванш против Карабах од Азербејџан, за елиминацијата пред 4 сезони кога тимот од Автокоманда во европското деби беше елиминиран со вкупен резултат од 2-5.
Освојувачот на националниот куп, Тетекс ќе игра со Пјуник, противник од Ерменија, што ѝ е познат на македонската фудбалска јавност по елиминацијата на Победа, во рамките на квалификациите за ЛШ. Подоцна Победа беше казнета со суспензија на 8 години поради наводно местење, токму на тој двомеч. Пјуник мина без казна.
И третиот наш претставник во ЛЕ, Хоризонт Турново има противник од просторите на Екс-СССР, а ќе треба да игра против Литванска Судува. Турново е дебитант на европската сцена, а поради тоа што на ждрепката сите наши тимови беа одредени како домаќини на првите дуели, ќе треба барем еден од нив да гостува на првиот дуел. Стартот е закажан за 4 јули, а реваншите се една седмица подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


