| четврток, 6 декември 2018 |

Работа во Германија: 13 плата, бонуси, храна…

Германската компанија Аерограунд, во сопственост на аеродромот Минхен, бара голем број на нови работници и ги повикува сите заинтересирани за работата да конкурираат.

Компанијата бара вработени на позициите: Диспечер на авиони и багаж, а на огласот можат да се прјават и мажи и жени.

Вработените помеѓу другото ќе се грижат и за осигурувањето и управување со возила и уреди потребни за опрема.

Од кандидатите и вработените се бара добра телесна кондиција, како и подготвеност на работа во смени како и во недела и празници.

Аерограунд нуди уредна и редовна плата со додатоци (целосни трошоци, додатоци за ноќна работа, годишен додаток, 13 плата) , годишен одмор во траење од 30 дена (на основа петдневна работна недела) помош при сместување и слично.

Вработените имаат можност да напредуваат, додаток за работа во странство, како и бонови за ужина која важи во сите мензи и ресторани за вработени во кампусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top