Познатата порно актерка, Сторми Даниелс, го дала првото интервју откако во јавноста протекла приказната дека Доналд Трамп преку личниот адвокат и платил 130.000 долари, за да не зборува за нивната врска која траела една година. Американската телевизија “Inside Edition’ објавила само дел од разговорот кој во целост ќе биде објавен во текот на денешниот ден, а сигурно најинтересен дел од разговорот бил оној кога водителот без задршка ја прашал актерката: “Дали беше во сексуална врска со Доналд Трамп?”
Од другата страна немало одговор. Само мистериозна насмевка.
Даниелс била малку позборлива кога темата била нејзината инстант слава, откако станала дел од секс скандалот.
“Никогаш никој не ме погледнал два пати. Денес сите зјапаат во мене”.
Актерката која во кариерата снимила повеќе од 150 филмови за возрасни, станала центар на секс скандал откако списанието “InTouch” објавил интервју со неа во кое таа открива детали за својата наводна афера со Доналд Трамп.
“Intouch” интервјуто со Даниелс го направиле уште во 2011. година, а го објавил откако “Wall Street Journal” минатата седмица објавил дека адвокатот на Трамп, Мичел Коен, со нејзиниот адвокат се договорил “да го купи нејзиното молчење” за 130.000 долари.
Адвокатот на Трамп два дена пред објавата на “Wall Street Journal” го објавил писмо кое Даниелс го потпишала, а во кое тврди дека со Трамп никогаш немала афера. Даниелс во интервјуто во 2011. година меѓутоа рекла дека аферата почнала во 2006. година во хотелот на Трамп на езерото Тахо, и дека се сретнале три месеци откако Меланија го родила синот Барон.
Според сведоштвото на актерката, сексот со Трамп бил за заборав. Признавајќи дека не користеле заштита, Даниелс рекла дека сексот не бил “ништо лудо”.
“Бевме во една поза, што би се очекувало од некој во негови години”, објаснила таа.
Даниелс рекла дека Трамп после тоа често ѝ се јавувал и дека се сретнале неколку пати.
“Ми кажа дека сум паметна и убава како неговата ќерка Иванка”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)