| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар немаше среќа – Стеауа прв противник во квалификациите за ЛШ

Вардар ќе игра против најтрофејниот романски клуб Стеауа во втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите. Тежок противник, веројатно и најнезгоден од сите можни, со оглед на квалитетот и рејтингот на романскиот фудбал. Првиот меч ќе се игра во Букурешт на 16. или 17. јули, а реваншот е за една недела во Скопје.

Со 24 титули, Стеауа е најтрофеен клуб во Романија, а единствен оттаму има и европска круна, што ја освои во стриот формат, во Купот на европските шампиони во сезоната 1985/86 со победа против Барселона во финалето.

Стеауа е клуб со голема традиција и реноме и на Вардар ќе му биде екстремно тешко да се спротивстави. За шампионот на Романија игра и нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, а интересно е што тие беа на прагот на дисквалификација од страна на УЕФА. Поради сомнителни резултати и сомнеж во наместени натпревари романскиот првак беше на тапет кај европската куќа на фудбалот, но се протна и ќе игра во квалификациите за ЛШ.

Пред еден месец притворен беше претстедателот на клубот Џиџи Бекали, кој е алфа и омега на Стеауа, па лошата финансиска слика е шанса за Вардар. На Стеауа и замина и најдобриот напаѓач Русеску, кој потпиша за Севилја, а на пат да си оди од клубот е и еден од најдобрите поединци Кипчиу.

Вардар досега имал два двомеча во европските натпреварувања против романски екипи. Во сезоната 1985/86 скопјани го елиминираа Динамо Букурешт, а во сезоната 2005/06 беа елиминирани од Рапид Букурешт во Интертото купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top