Режисерот и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, останува во притвор, одлучи Апелациониот суд во Скопје.
Осомничениот за настаните на 27 април минатата година во Собранието преку неговиот адвокат побара од апелационите судии да му биде укиинат притворот што го издржува во затворот во Шуто Оризари.
Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството вложи жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка што беше продолжена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петиција потпишана од интелектуалци, новинари, филмски работници: Бараме правда за Борис Дамовски
-
Дамовски: Прекршија еден куп закони, затоа ќе ги затрупаме со тужби
-
Влегоа, погрешија, не не послушаа: Тоа е навреда и за иницијативата, но тоа се наши браќа.
-
Слободен народ за слободна Македонија – 67. ден по патеката на државноста