| четврток, 6 декември 2018 |

Врховен ги објави писмата на Неделкова

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски донел одлука со која е констатирано дека согласно судскиот деловник писмата со невистинита содржина на судијата Лидија Неделкова не спаѓаат во категоријата на списи од доверлив карактер.

Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста Врховниот суд на Република Македонија денеска на веб страницата ги објавува писмата (1 и 2), како што наведува, со невистинита содржина заведни под Дов.бр.8/2016-1 од 25.03.2016 и Дов.бр.8/2016-1 од 01.12.2016 година.

– Воедно, ја известуваме јавноста дека за горенаведените писма е донесена Одлука на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија со која е констатирано дека согласно Судскиот деловник истите не спаѓаат во категоријата на списи од доверлив карактер кои ги креира Врховниот суд на РМ, независно од иницијалниот документ од Основниот суд Скопје 1 кој содржи таква ознака и не е достапен за јавноста, се наведува во соопштението.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на 18 јануари годинива до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Одделот за казниви дела во Врховниот суд, судијата Лидија Неделкова.

За кривичната пријава истиот ден бил известен и јавниот обвинител на Република Македонија кому му е доставена копија од кривичната пријава со доказите. За оваа постапка на 23 јануари бил известен и Судскиот совет на Република Македонија, се наведува во соопштението на Врховниот суд лиферувано на нивниот сајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top