| четврток, 6 декември 2018 |

Сите со поддршка за Зидан

Капитенот на „Реал Мадрид“, Серхио Рамос по елиминацијата во четвртфиналето од Кралскиот куп синоќа од Леганес и по зачестените најави дека се подготвува отказ за тренерот Зинедин Зидан, изјави дека фудбалерите застануваат зад Французинот.

– Не е срамота да се испадне од купот. Неуспех е, ама ние поминуваме низ тежок период. Сите сме одговорни за тоа. Не сакаме промена и сите застануваме зад Зидан. Знаеме дека раководството размислува за одредени чекори, но верувајте дека нас ни е најтешко.

На „Реал“ му претстојат дуели со ПСЖ во Лигата на шампионите и тие можат да бидат пресудни за судбината на Зидан во „Реал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top