Aмериканската филмска академија ги објави филмовите номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во сите категории. Петте номинирани филмови за наградата за најдобри визуелни ефекти се: „Blade Runner 2049“, „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi“, „War for the Planet of the Apes“.
Од Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација „ФХ3Х“ соопштија дека од петте номинирани филмови работела на „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“ и „Star Wars: The Last Jedi“.
Во категоријата за најдобри визуелни ефекти на пошироката листа беа „Guardians of the Galaxy2“, „Alien Covenant“, „Okja“, „Blade Runner 2049“, „Dunkirk“, „The Shape of Water“, „Star Wars: The Last Jedi“, „Valerian and the city of a thousand planets“, „War for the Planet of the Apes“ и „Kong:Skull Island“.
Од овие 10 официјална номинација добија „Blade Runner 2049“, „Guardians of the Galaxy Vol. 2“, „Kong: Skull Island“, „Star Wars: The Last Jedi“, кои ги работела компанијата „ФХЗХ“, како и „War for the Planet of the Apes“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.