Властите во Шкотска планираат да забранат производство и продажба на стапчиња за чистење уши,
пишува „Би-би-си“. Целта на оваа мерка е намалување на загадувањето од пластичен отпад во земјата.
– Канализационата мрежа во Шкотска собира и третира околу 945 милиони литри отпадна вода секој
ден. Овој систем не е осмислен да отстранува пластични предмети, како што се стапчињата за уши, што може да им наштетат на морските животни – вели Росеана Канингам, државна секретарка за
животна средина.
Пластичните стапчиња за уши се меѓу десетте предмети што најчесто може да се сретнат низ плажите
во Шкотска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.