Шкотската премиерка Никола Старџен ја одложи одлуката за носење закон за барање на нов референдум за независност на Шкотска.
Таа во парламентот во Единбург посочи дека по внимателно разгледување ги одложува плановиоте за ново изјаснување за независноста и дека ќе се фокусира на тоа резултатите од Брегзит да бидат поволни за Шкотите.
Кон крајот на март таа најави дека втор референдум би требало да има кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година, за Шкотите да имаат алтернатива за Брегзит.
Додека гласање на ниво на Британија минатиот јуни поголемиот дел беше за Брегзитм во Шкотска односот беше 62: 38 во корист на останување во ЕУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.