Повторното одбивање од британската премиерка да разговара за шкотската независност би можело да ја уништи структурата на Обединетото Кралство „без можност за поправка“, порача шкотската премиерка Никола Старџен пред Шкотската национална партија.
Таа и натаму ќе инсистира на одржување нов референдум за независност како што беше најавено, а очекува и да добие согласност од шкотскиот парламент за гласањето да се одржи откако ќе се одредат околностите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, ни и пред тоа навистина да се случи.
Премиерката Тереза Меј пак, по британскиот Устав мора да го потпише секој правно обврзувачки акт на шкотскиот парламент, а минатата недела и порача на шкотската колешка дека „сега не е време“ за ново гласање за независност.
Крај на идејата за Обединетот кралство како партнерство на еднакви
– Спротиставувањето на одлуката на шкотскиот парламент за премиерката Меј би значело крај на било каква идеја за Обединето Кралство како партнерство на еднаквите со целосно почитување- вели Старџен.
-Таа има време да се предомисли и се надевам на тоа. Ако ја загрижува времето, со причина, волна сум да разговарам за тоа- додава шкотската премиерка.
Двете страни се судрија само на неколку дена до почнувањето на Членот 50 од лисабонскиот договор на ЕУ со што почнува крајно комплицираниот процес на Брегзит.
Со минатата референдумска одлука за излез од ЕУ, значително се промени политичкиот амбиент и разнишан е односнот меѓу четирите држави од Обединетото Кралство. Англија, со најголема популација, заедно со Велс гласаше за излез од ЕУ, додека Шкотите и Ирците гласаа за останување.
Има опции и ако Меј одбие да ја потпише одлуката
Старџен во петокот на шкотската телевизија рече дека постојат опцвии и ако Меј одбие да ја потпише одлуката, но не откри за кои опции се работи. Некои делегати велат за можност од советодавен референдум, односно референдум за кој не е потребна согласнот од британскиот парламент.
-Ова е процес кој се води чекор по чекор. Ако испратиме писмо до Меј, а таа го вратио неотворено, тогаш имаме влада на Обединетот Кралство кое не разговара со шкотскиот партнер. Тоагаш станува збор за уставна криза или многу слично на тоа- велат од партијата на Старџен.
Шкотските гласачи на референдумот во 2014 година одбија независност со 10 проценти разлика, но темата за сецесија и натаму е многу актуелна. Старџен лани победи на избори врз манифестот кој што вклучуваше можност за нов референдум ако се случи промена во околностите, на пример, „Шкотска на сила да се исфрли од Еу против нејзината волја“.
-И натаму можеме да ислучуваме по кој пат ќе одиме. Какви и да се нашите разлики во мислењата за независноста, сите може да се обединиме околу ова едноставно начело: за иднината на Шкотска мора одлучува Шкотска- истакнува Старџен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.