| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Засолниште“ на зимското издание на „Скопје синема сити’

02.02.2018. Кинотека на Македонија
21.30 ч.„Лиса Жерар: Засолниште“ (реж. Клајв Колијер) 90 мин
“Lisa Gerrard: Sanctuary” (dir. Clive Collier) 90 min.

Филмот на Клајв Колијер „Засолниште“ е интимен портрет на вокалистката на Dead Can Dance Лиза Жерар. Снимен во 2006, филмот ја покрива сета нејзина кариера, почнувајќи од Dead Can Dance, но со голем акцент и врз нејзината соло кариера и успехот со филмска музика. Филмот ја бележи повратничката турнеја на DCD во 2005, првата откако бендот прекинува со работа во средината на ’90-те. Турнејата се одвива за време на војната во Ирак и ја бележи траумата на луѓето со кои се среќаваат за време на тие настапи.

Во тој период таа го објавува и солистичкиот албум “Silver Tree”, чии песни се искористени во филмот. Покрај тоа, филмот ги прикажува нејзините креативни пристапи и емотивни состојби. Ако нешто ја обележило нејзината солистичка кариера, тогаш тоа е успехот со филмската музика или како автор или како соработник. Нејзиниот карактеристичен начин на пеење е искористен од познати холивудски композитори како Ханс Цимер и Грејам Ревел и нејзиниот глас може да се чуе во филмови како „Гладијатор,“ „Инсајдер“и „Али“. Во филмот учествуваат нејзини бројни соработници и пријатели од композиторите Ханс Цимер и Грејам Ревел, глумецот Расел Кроу, режисерите Ридли Скот, Мајкл Ман и Ники Каро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top