| четврток, 6 декември 2018 |

Документарни филмови за проблемите и предизвиците на лицата со попреченост

Во „Јавна соба“ утре и задутре организира „Заедница за сите“, по повод проекциите на кратките филмови  на режисерот Томислав Жаја, проследени со дискусија. Овие проекции се продолжување на иницијативата, започната во октомври 2016 со прикажувањето на документарниот филм „Слободни“, за покренување на прашањето за деинституционализација на лицата со интелектуална попреченост. Проекциите ќе се одржат на 24.01 (вторник) и 25.01.2017 (среда), со почеток од 11:30 часот, во Бизнис салата на Скопски саем.

Осумте кратки документарни филмови прикажуваат различни аспекти од проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, а кои мора да бидат соодветно адресирани од страна на донесувачите на одлуки, институциите, стручната јавност и бизнис заедницата. Токму затоа, целта на овој настан е и да отвори дискусија, отворено и јавно да се разговара за предизвиците, пречките, но и начините и можните решенија за подобрување на состојбата, што ќе води кон поголема и посеопфатна социјална инклузија на лицата со попреченост, во сите сфери на општеството. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top