Во рамките на манфестацијата Европски денови на културното наследство, на 22 септмври 2017 година во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде организирана ревија на кратки документарни филмови „Водата – дар од природата“. Ревијата се организира како соработка на Музејот на Македонија со Кинотеката на Македонија, како институција којашто се грижи за визуелното наследство на нашата земја. На ревијата ќе бидат прикажани следниве филмови:
„Езеро од јаболка“, 55 минути, Љубо Стефанов и Тамара Котевска
„Вирово“, 15 минути, Мето Петровски
„Рибарството во Катлановско“, 29 минути, Вера Кличкова
„Стихија“, 14 минути, Бранко Гапо и Трајче Попов
„Страдни од вода – страдни за вода“, 19 минути, Трајче Попов
„Росе од Заград“, 48 минути, Владимир Боцев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.