| четврток, 6 декември 2018 |

Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)

Тимот на македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ денеска гостуваше кај екипата на Фенербахче, а фаворитот едвај успеа да дојде до победата и да извече 3 бода против Гезтепе. Македонецот Јаховиќ беше асистент на голот на Гезтепе за изедначување на 1-1, а Шпанецот Солдадо им донесе победа на домаќините во судиското продолжение.

Доста тензии имаше по крајот на мечот кога Јаховиќ и Мартин Шкртел се „судрија“, а нивната расправија која малку недостасуваше да премине во физичка пресметка на теренот во која се приклучи и голманот на Фенербахче, Волкан Демирел кој го фати за врат македонскиот напаѓач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top