| четврток, 6 декември 2018 |

Путин по повод Водици влезе во замрзнато езеро (видео)

Голем број на Руси, меѓу кои и претседателот Владимир Путин, вчера вечерта се капеле во замрзнати реки и езера на студеното време, кое ги натерало властите во некои подрачја да го откажат ритуалот со кој се обележува празникот Водици.

Окружен со попови и икони, Владимир Путин, гол до половината влегол во езерото Селигер, северозападно од Москва, на -5 степени.

Бројни Руси го следеле неговиот пример капејќи се во ледени температури до минус 40 степени во Јакутск, на рускиот далечен Исток, пишува во соопштението на руското министерство за вонредни состојби, не наведувајќи го бројот на учесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top