Кривична пријава против двајца 16-годишници од тетовското село Теново и против еден 15-годишник од Тетово, поднесе тетовската полиција поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Како што информираат од МВР, пријавените на 6-ти ноември 2017-та околу 18:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во клиничката болница во Тетово.
Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во полициската станица во Тетово, каде што го предал ножот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?