| четврток, 6 декември 2018 |

Поради облог кај ракометарите: Некој порано бричеше мустаци, сега со нови фризури

Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Стојанче Стоилов од синоќа имаат нов имиџ односно имаат нова фризура популарно наречена „нуларица“.

Новиот имиџ е поради облогот кој го имале тројцата ракометари, односно било договорено ако Македонија го освои првото место во групата Ц, тогаш тие ќе мора да се потстрижат.

Веќе има нов облог, а тоа е ако Македонија обезбеди полуфинале на ЕП нов имиџ ќе имаат Ацо Јоноски и Кирил Лазаров.

И ова не е првпат да се прават измени во изгледот на ракометарите и на стручниот штаб поради облог. Пред 10 години, кога Македонија се пласира на завршницата на СП во Хрватска, без мустаци остана тогашниот селектор Иле Темелковски.

Тој тогаш вети дека ќе ги избричи мустаците кои се негов заштитен знак повеќе децении, ако ракометарите успеаат да се пласираат на завршницата на Мундијалот во Хрватска. Најдобрите македонски ракометари пласманот го обезбедија на гостувањето во Исланд, а популарниот Ико тогаш се врати без мустаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top