На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
За православните христијани денеска е строг пост.
Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави кст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
Имено според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Ода таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице.
Еден ден пред празникот на 18-ти е Водокрштение, некои го викаат Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Рано наутро на знакот од камбаната сите кумови одат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него крстот што и припаѓа на таа компанија. Откако попот ќе ги провери сите крстови дали се правилно врзани со босилекот, (треба да има толку гранчиња колку што има куќи компанијата) ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата. Со овој чин, оваа вода добива профилактичка моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии. Прскајќи од оваа вода кумот благословувал:
“Кај што помина чесен крст, да е чесно бериќетно, кај што капнало капка вода, сребро и злато да капит, да се родит бериќетот.„
За православните христијани денеска е строг пост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Време е да им простите на сите и со чисто срце да го почнете постот: Денеска ги славиме Божиќните поклaди!
-
Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници
-
Протоереј Александар Илијашенко: Овие 10 нешта треба да ги направите пред крајот на великиот пост
-
Втор ден од Чистата недела: Како правилно се пости и што не смее да се јаде