Почитувани излажани од градоначалникот граѓани на Прилеп. Загрижени за реализацијата на лажните ветувања време е општината да распише потерница за лицето Илија Јованоски! Додека шета по Европа, Прилеп пропаѓа! Ама битно и по телефон ги координира отказите за старите и решенијата за новите административци, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Во продолжените интегрално соопштение од прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ, Прилеп:
Имено овoј човек кој упорно ве лажеше се бара за да:
1.Да ја намали цената на водата за 20%
2.Се бара по потерница за да изгради затворен базен во новата сала Македонја која ќе ја правеше најубав комплекс
3.Се бара за да појде во “Три багреми “ и да им каже на Ромите зошто ги лажел дека без детален урбанистички план ќе им донеел за 60 дена вода, трансформатор, струја и асфалт
4.Се бара да одговори по кој критериум ги вработува новите лица во Општина прилеп кои 8 часа се службеници, а истовремено новинари и невладини активисти
5.Се бара од навивачите на Победа и РК Прилеп да каже со кое лице го згасна фудбалот и ракометот во градов, а ветуваше европски спорт
6.Се бара бидејќи никој го нема видено да им каже зошто вработените во Еурокомпозит земаат еден денар плата?
Почитувани, Прилеп има татко на градот кој своите чеда ги заборави, фокусирајќи се на осветата на 300 фамилии и вработувањето на своите најблиски! Предлaгаме под итно да се свика неговиот ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ и двојазично да дискутира на овие теми!”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)