| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес направи измена во составот, Филип Лазаров оди на трибините

Велко Маркоски, специјалистот во одбрана е во состав за денешниот состав за мечот со Германија (18,15 часот) на местото на бекот Филип Лазаров. Така реши селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Раул Гонзалес за денешниот натпрпевар со актуелниот европски првак.

Филип Лазаров одигра одлично на двата претходни натпревари со Словенија и Црна Гора. Има стоотсотен учинок, односно пет гола од пет обиди и неколку асистанции во важни моменти.

Најверојатно изоставувањето на Филип Лазаров од состаот е поради повреда. Тој за време на подготовките имаше проблеми со задната ложа. упно пет голови од пет удари, два реализираше со Словенија во клучните моменти од натпреварот, а три пати погоди во мрежата на Црногорците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top