| четврток, 6 декември 2018 |

Две камери го снимиле убиецот на Оливер Ивановиќ

Според „Blic“ зградата во која се просториите на партијата на Оливер Ивановиќ има две камери за видео надзор кои најверојатно го забележале моментот кога Оливер бил убиен.

Во непосредна близина, поточно нешто повеќе од еден километар полицијата пронајде запалено возило марка опел со кое убиецот најверојатно се оддалечил од местото на злосторствотот во непознат правец.

– Преземени се сите мерки полицијата е на терен и тргаме по сторителот. Имаме одредени траги кои се испратени на вештачење, рече регионалниот командир на косовската полиција Жељко Бојиќ.

Во Ивановиќ биле испукани повеќе куршуми од далечина, а потоа напаѓачот му пришол и уште еднаш пукал во Оливер од непосредна близина. Тешко ранет го пронашла сосетката која тргнала во продавница и веднаш повикала Брза помош, а на помош притрчале и колегите од пратијата кои биле во партиските простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top