| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Опозицијата не смее да биде исклучена, не може да се реши името без ВМРО-ДПМНЕ

Опозицијата не смее да биде исклучена од процесот на донесување на клучните одлуки за иднината на земјата особено во однос на решението на спорот со името, смета лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Алсат.

“За да имаме прифатливо решение, сигурно дека треба да се согласи и опозицијата. Tреба да има политичка и национална согласност на заедниците, особено меѓу двете најголеми заедници, Македонците и Албанците. Има неколку моменти каде треба добро да се менаџираат и за да се внесе во овој процес и опозицијата, сигурно дека потребни се контакти, средби и со нив, средби и со другите државни институции, во оваа насока не може да се исклучи ниту господин Иванов.”- изјави Али Ахмети во интервјуто кое телевизијата ќе го емитува вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top