Филип Кузмановски со пет погодоци беше најефиканскиот македонски ракометар на теренот вечерва во Загреб и еден од најзаслужните за победата на Македонија против Црна Гора.
– Прво да им честитам на ривалите од Црна Гора на фер битка. Секако дека сум пресреќен. Особено што тешко и во грч игравме на почетокот, но потоа се консолидиравме. Јас само ги слушав советите од поискусните, бидејќи се знае редот. Пресреќен сум – изјави Кузмановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.