| четврток, 6 декември 2018 |

Марина Узунов од Кабинетот на Кочо Анѓушев именувана во УО на ТИРЗ

Владата ја избра советничката за комуникации во Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, Марина Узунов, за член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Одлуката за нејзино именување е објавена во „Службен весник“, а покрај Узунов нови членови на У.О. на оваа институција се и: Данчо Петров, Мирјана Ранчанов и Светислав Смилков.

 

Марина Узунов пред да стане дел од Кабинетот на Анѓушев беше новинарка.

Долгогодишен директор на ТИРЗ, во време на владеењето на владата на Никола Груевски, беше Виктор Мизо. На негово место Владата на Зоран Заев го назначи Александар Младеновски, кој беше активист на Шарената револуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top