| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот од ТИРЗ зголемен за над 28 проценти, купените стоки од домашните фирми 50 милиони евра

gru

Претседателот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со економскиот тим на партијата одржа состанок на комисијата на ВМРО ­ДПМНЕ за привлекување странски инвестиции на кој беа разгледувани повеќе теми и области поврзани со странските инвестиции, извозот од зоните, поддршката на странските и домашните компании, зајакнување на соработката со бизнис секторот, како и статусот на повеќе конкретни проекти кои се одвиваат и на кои се работи во ова поле.

Како што информираат од партијата, Груевски ја посочил важноста на странските инвестиции за целокупниот развој на Република Македонија и на позитивниот ефект кој го имаат во насока на поткрепа и развивање на стандардот на граѓаните што претставува и главна цел на политиките на ВМРО ­ДПМНЕ. Истакнато е дека политичката криза, иако го намали интензитетот и негативно се одразува врз економскиот развој, упорноста на економскиот тим дава позитивни резултати. Констатирано е дека извозот од технолошко индустриско развојните зони во првите 5 месеци од годинава е рекордно зголемен за над 28 проценти во однос на минатата година овој период. Вкупниот износ, изразен во евра за првите 5 месеци од годинава надмина 715 милиони евра, а само во мај има зголемување на извозот за 20 отсто споредено со тој месец ланската година и изнесува 150 милиони евра.

На состанокот, стои во соопштението, е посочено дека бројот на вработени во фабриките на техолошко индустриско развојните зони постојано се зголемува, а растењето и развојот на извозот на странските компании претставува и значаен инпут и за домашните компании кои соработуваат со нив како добавувачи. Лани домашните компании купиле стоки во вредност од околу 50 милиони евра од домашните компании кои останале на сметките во домашното стопанство.

Груевски посочи дека токму поддршката на домашното стопанство, во комбинација со креирањето добра бинзис клима и привлекувањето странски инвестиции придонесе за рекордно ниско ниво на невработеност од 24,5 отсто, што е додатно намалување од 2,8 отсто за само една година со што се потврдува кредибилноста и успешноста на поликите кои се водат на тој план.

На состанокот е констатирано дека бројката на странски инвестиции во оваа година и покрај политичките турбуленции и нестабилност се движи добро. Минатата година се заврши со 30 странски инвестиции, а во првите 5 месеци од оваа година има 17 странски инвестици на компании кои објавиле, почнале со градба или производство. Истовремено, се посочува, се работи на вмрежување на македонски домашни компании кои ќе соработуваат со странски партнери. Последен таков пример е потпишаниот договор за соработка меѓу македонски и естонски ИТ компании на иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација. Се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари со што ќе се овозможи трансфер на знаење и технологии и учество во ителектуалната сопственост на овие развиени производи. Станало збор и за прогресот на разговорите со повеќе одделни компании со кој подолг временски период се договара соработка, како и темите и областите за кои нивните менаџменти се интересираат. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top