Министерката за образование Рената Десковска, професор по уставно право и политички систем гостуваше во емисијата „Топ Тема“, заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи каде зборуваше за неуставноста на Законот за јазиците.
-Во корист на сите граѓани на Република Македонија е да не се отвора Уставот и да не се прават неуставни решенија. Бидејќи не уставните решенија се со ризик дека утре најлегитимно било кој Уставен суд, овој состав јас не го третирам дека е Уставен суд кој што решава врз основа на Уставот. Но, утре некој професионален Уставен суд ќе може многу лесно да ги падне, вака министерката за образование упати јасна порака дека СДСМ згази врз Уставот.
Десковска посочи дека амандманот пет јасно кажува дека македонскиот јазик е службен јазик на целата териорија на Македонија, а за албанскиот јазик дека се употребува како службен јазик онака како што е утврдено во овој член и дополнително согласно став три, каде што спаѓаат и документите (пасошите, личните карти) на граѓаните кои што се од друга етничка заедница тие можат да бидат издадени покрај на македонскиот и на нивниот јазик. Но со оглед на тоа што парите се користат на територија на цела Република Македонија, а ставот еден е јасен дека ограничува македонски јазик како јазик кој што е службен на целата териорија на Македонија, Десковска истакнува дека нејзините професионални познавања, такво решение би било неуставно. Таа јавно кажа и дека се ова веќе го има кажано и во рамките на партијата, односно дека со неуставноста на законот е запознаен и Заев. Десковска порчува дека во Македонија експертите се тие што треба да го толкуваат уставот, а политичките партии треба да ги слушаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)