| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Новите потпретседатели се силно мотивирани луѓе, кои ќе додадат вредност во самата ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју на телевизија Телма претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека новите потпретседатели на партијата Митко Јанчев, Владо Мисајловски и Александар Николоски долго време имаат поминато во партиските структури, почнувајќи од УМС, потоа својот активизам го продолжиле откако прешле и во сениорите на партијата.

-Дел од нив биле ангажирани и во централните органи на партијата, како што се процесите кога ние имаме регионални односно републички изборни штабови пред изборите. Мислам дека станува збор за луѓе кои имаат исклучително значење за партијата од минатото, луѓе кои што се силно мотивирани, луѓе кои што претпоставувам ќе бидат предвесник на многу идеи, луѓе кои што ќе додадат вредност во самата ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што доаѓа, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека ова го очекува како човек кој што ги предложил, бидејќи во периодот кој што следува ВМРО-ДПМНЕ мора да застане против штетните политики на актуелната власт предводена од СДСМ, на сите полиња.

-Станува збор кои што имаат голем минат труд во самата партија, за искусни луѓе. Нормално тука можеби од искуството во партиската хиерархија, можеби потпретседателот Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, не е така долго време искусен, но секако бил блиску до партијата, блиску до политиките на партијата. Моментално е градоначалник на градот Кавадарци, избран од граѓаните на Кавадарци, а предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Оод нив Мицкоски очекува подобри предлози и идеи, со кои ќе дојде до подобрување на животот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top