| четврток, 6 декември 2018 |

Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!

Откако се раздели од Бред Пит и него и Анџелина Џоли ги спојуваа со различни луѓе. Меѓутоа официјално тие досега не потврдија дека започнале нова врска, а светските медиуми овие денови на големо пишуваат за новата наводна романса на славната актерка.

Имено, како што се зборува, Анџелина е во врска со камбоџискиот режисер и писател Прач Ли, со кој во последно време минува многу време.

Анџелина и Прач се запознаа минатата година преку познаникот Лонг Ун, активист за човечки права и автор на книгата според кој Анџелина со режираше својот филм „Прво го убија мојот татко“.

Сепак коментарите не нејзните блиски се различни. Додека едни велат дека е среќна со Ли, други ја отфрлаат можноста за нова романса.

Инаку Прач е 4 години помлад од Анџелина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top