| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит ја моли Џоли, но таа не сака ни да чуе!

Холивудскиот актер Бред Пит(53) наводно и понудил на Анџелина Џоли(42) да земе половина од неговото богатство кое се проценува на повеќе од 350 милиони долари, само да му дозволи повеќе да ги гледа децата, но таа не сака ни да чуе. Наводно Џоли и понатаму инсистира Пит да минува што помалку време со нивните шест деца.

-Тој се обидува да ја „купи“ Анџелина. Откако летото го испитуваа за злоставување на синот и откако призна дека има проблеми со алкохолот, нема што да изгуби- тврди извор близок на екс-двојката и додава дека приоритет на Бред се децата со кои сака да помине повеќе време.

-Бред и Анџелина годишно на телохранители за децата трошат милион долари. Тој и понатаму сака да учествува во тој трошок – вели пријателот, како и тоа дека актерот сака Џоли и понатаму да се занимава со хуманитарна работа, а тој да се грижи за финансиите.

Инаку, Бред и Џоли објавија дека се разведуваа во септември минатата година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top