Опозицијата се уште не размислува да ги врати мандатите на пратениците, ќе ја почека власта, како што рече Андреј Петров, да се вразуми.
Според СДСМ нема потреба од формирање на анкетна комисија за испитувањето и расветлувањето на настаните од 24-ти декември, како што предлага партијата на Руфи Османи, бидејќи разликите во ставовите се видливо различни.
„Оваа власт одбива да ја превземе одговорноста за „црниот“ понеделник кога брутално беше суспендирана демократијата. Отпорот ќе се интензивира со блокади на раскрсници и наредната недела. Македонија мора да остане демократска држава“, рече Андеј Петров.
Одговарајќи на новинарско прашање, Петров појасни дека пратеникот Игор Ивановски вчера во Стразбур не бил на трошок на државата туку на сопствен, што е во духот на однесувањето на СДСМ и дека таму отишол за да ја чуе Европа вистината за недемократскиот капацитет на власта.
Инаку, од СДСМ најавија дека во недела ќе маршираат пред МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.