| четврток, 6 декември 2018 |

Во jануари нѐ чека спектакуларна глетка на небото – се случува еднаш на 150 години (видео)

Крајот на овој месец ќе ни ја донесе една од најубавите ноќи, барем кога е Месечината во прашање. Имено, на 31 јануари ќе се поклопат три небески случувања, кои не се поклопиле повеќе до 150 години.
Прво, Месечината ќе изгледа и 30 проценти поголема и посветла од вообичаеното, што е феномен кој се нарекува супермесечина. Супермесечината е прилично необична појава, па би била сама по себе значајна, но тоа е само почеток.

Второ, полната Месечина која ќе се појави на 31 јануари е сина Месечина. Тоа уствари не значи дека ќе изгледаат различно, туку дека тоа е втор пат Месечината да е полна за еден месец. Тоа се случува не секои три години.

Трето и веројатно најзначајно досега, истата вечер ќе се види лунарно помрачување. Тоа случување ќе доведе до тоа Месечината да придобие црвена боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top