Македонскиот пистел, сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, критичар, новинар и есеист, Томислав османли е добитник на првата награда на Меѓународниот конкурс „Антеово слово“ 2017/2018 кој се одржа во Италија.
Тој ја доби наградата за песната „Љубов / Amore“, втората награда и беше доделан на Александра Димитрова за песната „Литост“, а третата на Салваторе Амбросино за „Сменети умови“.
Иинтернационална нагтада за учество одбија:
• Михајло Свидерски
Песна: Сирија
• Долорес Атанасова Лори
Песна: Љубовта е брза и гладна кучка
По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавила повеќе од 100 поети со своите дела. Жирито во кое членуваа претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/ литературната област во Македонија одлучија да ги номинираат, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Ангело ла Векија“, каде за прв пат оваа година се востановува наградата „Антево слово“ и за прв пат се отвора можност да промовира македонското творештво.
-Од исклучителна важност е големиот одзив кој го имавме како за прва година во која ја воведуваме оваа награда и се надеваме дека во иднина сѐ повеќе поети ќе имаат можност да ги промовираат своите стихови, како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика. Поздрав до сите учесници на оваа манифестација која допрва ќе направи Каникати, а со тоа и Сицилија да станат новиот светилник на италијанската, а со тоа и Европската и светска поезија, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.