| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери: Роналдо ми ја украде „Златната топка“, Франција не сакаше јас да ја добијам

Франк Рибери, ѕвездата на минхенски Баерн, изјави дека никогаш нема да прежали што не ја доби „Златната топка“ за најдобра играч во светот за 2013 година. Кристијано Роналдо и Лионел Меси изминатата деценија освоија по пет „Златни топки“. Последен кој го добил престижното признание, а да не е Роналдо или Меси, беше Бразилецот Кака во 2008 година.

Франк Рибери смета дека Кристијано Роналдо му ја „украл“ наградата за најдобар играч во светот за 2013 година. Интересно во тој избор, кој тогаш се уште заедно го организраа ФИФА и весникот „Лекип“, како втор заврши Меси, а Рибери беше трет.

– Никогаш нема да го прежалам тоа, едноставно тоа е најголемата неправда. Таа година со Баерн освоив три трофеи, повеќе од тоа не можев да направам, рекол поранешниот француски репрезентативец, потенцирајќи дека не му е лут на Роналдо.

– Едноставно неговата земја застана позади него, лобираше, Франција не сакаше јас да ја добијам наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top