| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен ќе им понуди нови договори на ветераните Алонсо, Рибери и Робен

Баерн Минхен со одлична партија и победа над Ростов со 5-0 ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Баварците размислуваат за продолжување на договорите на тројца од искусни фудбалери во тимот. Клупското раководство ќе им предложи нова соработка на Чаби Алонсо, Франк Рибери и на Арјен Робен.

– Преговарам со нив и мислам дека на крајот може да имаме и три нови договори. Тренерот е свесен за нивното место во екипата и затоа е добро да останат со нас и во иднина – изјави претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Договорите на тројцата фудбалери истекуваат следното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top