Баерн Минхен загуби со 1-0 на „Висенте Калдерон“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, и тоа сигурно не е резултатот што го посакуваше тренерот на баварскиот клуб, Пеп Гвардиола. Тој објасни зошто ги остави на клупата за резерви на стартот од мечот Франк Рибери и Томас Милер, и истакна дека сепак има уште 90 минути на „Алијанц арена“ каде ќе се решава патникот во финалето од ЛШ.
– Ова е многу лош резултат за нас. Загубивме, а не постигнавме погодок. Имавме шанси, но не ги искористивме. Примивме погодок многу рано. На овој меч сакав да имаме контрола на топката и затоа внесов еден играч повеќе во средниот ред. Токму затоа Томас Милер остана на клупата. Од друга страна, замислив да играм со левучар на левата страна и фудбалер што игра со десната нога, на спротивната страна од теренот. Поради ова Франк Рибери остана на клупата на стартот. Ги внесов во вториот дел, имавме неколку шанси, бевме многу поконкретни, но не ја затресовме мрежата на Атлетико Мадрид. Нема да биде лесно во реваншот, но имаме уште 90 минути да ја надоместиме негативата и да се потрудиме да оствариме и предност која би не одвела во финалето во Милано – изјави Пеп Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.