| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Солун закажани за следната недела: Во новото име да го нема терминот „Македонија“

Грчки здруженија кои собираат потписи за терминот „Македонија“ да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи најавуваат протест во Солун на 21 јануари.

На него ќе протесираат активисти кои не се согласуваат во името на нашата земја да стои терминот „Македонија“, за кој тие сметаат дека им припаѓа на Грција.

Овие протести на грчките националисти доаѓаат во период кога од двете страни се најавува затворање на овој повеќе од дведецениски спор. Слични протести во Солун се одржаа на почетокот на деведесетите.

(Извор: МК news)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top