Откако својата девојка, пред точно две години, ја присилил да шета гола по Харлем, бидејќи, наводно, се допишувала со други мажи, 26-годишниот Џејсон Мело е осуден на максимална затворска казна во траење од седум години.
-Начинот на кој Мело ги гледа жените им припаѓа на темните времиња, за него жените се сопственост – рекол судијата Роберт Манделбаум, пренесува Daily Mail.
Девојката која ја снимал додека одела гола по улиците на квартот во Њујорк со него има и дете.
-Ме уништи на толку начини, не сакаше да застане туку постојано ми се смееше како тоа да е некоја болна шега – рекла 25. годишната девојка.
Мело наводно прочитал некои пораки од мажи на мобилниот на својата девојка, а потоа на неа фрлил поголем кип на Буда додека со нивната ќерка лежела на креветот.
Потоа и рекол дека ќе му плати така што гола ќе излезе на улица.
Мело посрамувањето на девојката го снимил и објавил на Инстаграм. Девојката прво носела пешкир, но ја натерал и’ него да го тргне.
-Згодна девојка како тебе, со седум мажи. Сега ќе платиш. Сега сите можат да видат се – викал на неа додека таа бегала од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија