Од градот Санкт Блазиен евакуирани биел стотина луѓе како мерка на претпазливост, пред да дојдат ноќните временски услови, кога се очекува дека ситуацијата ќе се влоши.
Во другите делови на сојузната држава Баден-Вуртемберг пријавени се поплавени патишта. Во Баварија реките поплавиле подруми и гаражи.
Во прекин е речниот сообраќај на реките Мозел и дел од Некар, а во деновите што следуваат оваа мерки може да се прошири и за Рајна.
Во многу области на Рајнланд-Пфалц пријавен е поплавен имот.
Според метеоролозите во наредните денови се очекува да врне уште повеќе дожд, а нивото на реките ќе продолжи да расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.