Православните верници денеска го слават Бадник, кога и официјално започнува Божиќното славење.
Обичај е на денешниот ден во куќата да се внесе бадниково гранче. Бадниковото гранче е значаен симбол во христистијанство бидејќи се смета дека Јосиф го запалил во пештерата во која е роден Исус како би ги загреал бебето и Марија (Богородица).
Според обичаите кога во куќата ќе се внесе бадниково гранче, тоа значи дека куќата цела година ќе биде исполнета со среќа, благосостојба и мир.
На Бадник целото семејство се собира на трпеза и овој ден се прославува со семеен ручек.
Денеска не се позајмува ништо, бидејќи се верува дека она што припаѓа на куќата не треба да биде надвор од неа на Божиќ.
На Бадник се кршат ореви. Секој член на семејството крши еден орев за да види каква ќе му биде среќата во годината. Ако јадрото на оревот е здраво и полно, годината на тој член ќе му биде добра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.